Петар Печков
Објавено: среда, 13 октомври 2021
ТрМр ги интервјуира кандидатите за градоначалник на општина Велес. Тие одговараа на 12 идентични прашања.
Ненад Коциќ е доктор на медицина, специјалист интернист, сопственик на приватна ординација, моментално вработен во Собрание на РС Македонија како пратеник.
„Женет со Наташа -дипломиран економист, вработена кај приватен сметководител. Имам две деца Лука и Луна имаат 11 и 8 години. Живеам во стан на моите родители, имам автомобил Авео и Тојота“- кажа Коциќ.
1. Како платениот паркинг во Велес ќе биде решен во вашиот мандат?
Во однос на платениот паркинг ќе биде извршенаревизија на моменталното решение. Единствено на одбележани и обезбедени места, катни или монтажни гаражи може да има платен паркинг. Пред колективнитезградиќеимаобезбедени места за паркирање на автомобилите за најмалкуедно возило за секоесемејство, со поставување на регистарската таблица на сопственикот на возилото, а на т.н. високиделови од градот со поставувањена монтажни гаражи. Подземна гаража во центарот на градот и катнакајавтобуската станица ќе го решат проблемот со паркирањето во централнатаградска зона.
2. Како да се застане на пат на дивоградбите во долниот тек на реката Бабуна, кога предлогот на новиот закон не предвидува нивно отстранување?
Само она што ќе добие дозвола за легализација од МЖСПП може да се гради во близина на речни корита. Во однос на долниот тек на реката ќе се решава врз основа на идеен проект за формирање туристички комплекс-Долна Бабуна и Пешти.
3. Како ќе го решите сообраќајниот проблем за пристап до гробиштата на двете цркви во градот - Св. Пантелејмон и Св. Спас?
Со кружен тек на сообраќајот во недела и за време на верските празници.
4. Какво решение имате за времените објекти?
Замена со нови, типски во кои ќе може сопствениците да работат во многу подобри услови.
5. Велес со години нема фирма која ќе постапува со дивоградби, отстранување времени објекти. За колку време од вашиот мандат ќе се распише и најде ваква фирма?
Уште на почетокот на мандатот, нема да се дозволи злоупотреба на просторот и урбано дивеење.
6. Општина Велес нема поднесено кривични пријави за дивоградби, прекршочни за непридржувањето кон утврдените места за плакатирање во избори, за фрлање на смет и градежен шут на јавни површини. Дали ќе го почитувате Законот или како досега ќе премолчувате за неговото кршење?
На терен ќе се ангажираат комунални редари кои ќе се грижат за јавната чистота и комуналната хигиена. По закон ќе се постапува за секое прекршување на одредбите на законот.
7. Спортската сала Гемиџии има констатирано недостатоци, поради кои во неа не може да се одржуваат меѓународни натпревари. За колку време од Вашиот мандат ќе ги отстраните и велешани да може да следат вакви настани?
Прв од приоритетните проткекти е
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКАТА САЛА „ГЕМИЏИИ“ И ФОРМИРАЊЕ НА СПОРТСКО РЕКРЕАТИВЕН ЗАБАВЕН КОМПЛЕКС
Преку проектот ќе се обезбеди инвестирање во спортската инфраструктура, како и нејзино подобрување. Реконструкција на салата-замена на подната површина и проширување на теренот за да може да се играат сите спортови во сала од прва лига, санација на водоводната и електричната инсталација, поставување на систем за ладење и затоплување, соблекувалните, објекти наменети на кафетерии, во соработка со АМС;
8. Иако реконструирани трибините на Градскиот стадион, истите не ги исполнуваат критериумите за меѓународни натпревари. За кој периоди ќе ги отстраните недостатоците?
Реконструкцијата на постоечкото фудбалско игралиште, обновувањето на заштитната ограда и санација на асфалтната подлога е плаирано да заврши до 2023година
9. Дали во Велес ќе се врати Питијадата, Вардарската регата, атлетскиот маратон, пречек на Нова година?
Секако и многу други туристички атракции.Кампања “Викенд во Велес”. Организирање на Фестивал на Велешката пита и вино (зависно од КОВИД мерките). Организирање фестивал на Велешка скара (зависно од КОВИД мерките) Доуредување на мото-патеката и организирање мото-крос натпрвари со интернационално учество
10. Големи средства од општинскиот Буџет се одлеваат за обесштетување на граѓаните поради каснување од куче, но и за нивна стерилизација и вакцинација. Дали сметате дека решение е прифатилиште и дали би го изградиле?
- Решение е преземање на активноста за заловување од ЈКП Дервен и градењње стационар за бездмни кучиња
11.Како планирате работи кино салатаза прикажување на странски хит филмови, која е опремена и се наоѓа во зградата на Библиотеката?
- Со редовни проекции на филмови
12. Колку улици каде има азбесни цевки, истите ќе бидат заменети, во вашиот мандат?
- Пред бетонирање и асфалтирање на секоај улица каде што има азбестни цевки, ќе бидат заменети(80-90%)
Tweet |