речник контакт

Инфективно одделение се полни, пациенти позитивни на ковид-19 се примаат и на Интерно

52 пациенти се хоспитализирани на Инфективно одделение, петмина на Интерно. Корона вирусот се шири меѓу здравствените работници, нови случаи на ОРЛ и во Итната помош

Петар Печков

 
Инфективното одделение во Велешка Болница  е без малку е полно, има хоспитализирано 52 пациенти  а   капацитетот е 54 легла.  Поради ова дел од пациенти се сместени и на Интерното одделение.

Има уште два слободни кревети на Инфективно, каде 44 пациенти се потврдени позитивни а осуммина се сомнителни. На Интерното одделение имаме еден пациент кој е позитивен и четворица сомнителни, со изразени симптоми и чекаат резултати. За надминување на состојбата се работи на оспособување на Физикалното одделение од Болницата - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на  оваа здравствена институција.  

Од вчера таму има заразени медицинска сестра на одделението за уво, нос и грло како и една хигеничарка. Отежната е работата и на Итната помош каде има една докторка, една медицинска сестра но и возач и кој е позитивен, а други се во самоизолација.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »