Петар Печков
Објавено: недела, 17 јули 2011
Три коски ја прават Када Хотиќ да се чувствува како победник. Тоа можеби и не изгледа толку значајно по скоро две децении гнев, но за неа тоа значи се.
Две коски од колк и дел од долна вилица е се што остана од Самир, синот на Када, кој беше убиен од српските сили на смртоносното поле во Сребреница. Тие годинава беа ископани и идентификувани, и сега тој ќе има пристоен погреб заедно со 612 груги последни идентификувани жртви на масакрот.
„Велат дека не треба да барам повеќе“, вели таа за остатоците. „На некој начин среќна сум, ако ова може да се нарече среќа. Но другата страна е да не се пронајде ништо, а тоа може да биде уште полошо“.
Има нешто друго што ја прави Хотиќ среќна.
Таа минатиот месец се соочи лице в лице со човекот кој е обвинет за смртта на Самир: поранешниот српски генерал Ратко Младиќ, кој беше уапсен во мај и сега е изведен пред трибуналот во Хаг, Холандија, по обвиненијата за смислување на најстрашниот масакр во Европа по Втората светска војна.
Минатиот месец нејзините очи се сретнаа со очите на Младиќ преку стаклената ограда која ја двои судницата од публиката. Таа покажа на него, потоа на себе полека повлекувајќи го прстот под вратот, и му се обратни на Младиќ.
„Ми го уби синот“, таа го објаснуваше гестот. „Сега ќе платиш за тоа“.
Сребреница, град во кое живееја мнозинството муслимани, заштитен од ОН, беше под опсада на српските сили во текот на војната од 1992 до 1995 за српска доминација во Босна.
Но трупите на ОН таму не пружија никаков отпор кога Србите го заземаа градот на 11 јули 1995. Србите продожија да ги малтретираат муслиманите од Сребреница и убија повеќе од 8.000 мажи и момчиња. Тоа беше климакс на војната во Босна, која одзеде 100.000 животи. Меѓународнот суд подоцна го квалифицираше убивањето како геноцид.
Хотиќ го загуби 29-годишниот син, мажот Сеад и двајца браќа, и уште многу мажи од поширокото семејство.
Убијците ги фрлаа телата во масовни гробници, кои потоа беа повторно откопувани за да ги преместат телата на други места во обид да го скријат ова криминално дело. Работеа со булдожери при што ги распарчуваа телата.
Форензичарите напорно ги испитуваа деловите од тела и ја споредуваа секоја коска со ДНК примероци од крв од преживеаните.
Сепак, во повеќето случаи семејствата не добиваа целосно откриени костури. Тие само ги закопуваа неколкуте деловите од тела за да имаат можност да ги посетуваат гробовите во меморијалниот центар Поточари во близина на Сребреница, изградено на местото на поранешната база на ОН каде босанските муслимани бараа засолниште.
Хотиќ пред 16 години седеше таму парализирана од страв, слушајќи како генералот издава наредба додека мировниците на ОН стоеа и не сторија ништо.
- Им рече „Мили браќа Срби, имате зелено светло, искористете ја оваа можност, онаква каква нема никогаш повеќе да ја добиете“, се сеќава таа. Потоа таа ги гледаше војниците како ги двојат мажите од жените - и како ги одведуваат мажите надвор, што подоцна се испостави дека ги носат на погубување.
Меморијалниот центар беше отворен во 2003 на местото каде таа за последен пат ги виде нејзинот син и маж. Оваа година, Хотиќ го закопа мажот чии остатоци беа порано пронајдени.
Со текот на годините, Хотиќ пронашла посебен начин да го задржи споменот на синот. Самир бил пушач и правел кругови од чад „низ кој можеш прачка да протнеш“.
По Сребреница, таа почнала да пуши и да вежба правење кругови од чад.
„Ако успеев да направам барем еден, си замислував дека е негов“.
Од 2003 таа секоја година одела во Поточари на масовни закопи, во кои скоро 4.000 жртви биле положени во вечен мир. Од понеделникот, на еден од надгробните споменици ќе пишува Самир Хотиќ.
И со завршувањето на ова, таа престанала да пуши.
„Чекањето не беше залудно“, вели таа. „Можеби јас сум жртвата, ги загубив саканите, но јас сепак сум победник“
Tweet |