речник контакт

Истекува рокот за замена на старите лични карти

МВТ ги потсетува граѓаните кои не извршиле замена на старите лични карти со нови биометриски лични карти дека се должни тоа да го направат најдоцна до 27.02.2012 година.

Петар Печков



Согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта (“Службен весник на Република Македонија” броj 19/2007 и 10/2010) личните карти издадени пред денот на влегувањето во сила на овој закон ќе важат до рокот на важење кој е наведен во личната карта, но најдолго до пет години од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Сите дополнителни информации граѓаните може да ги побараат на веб страницата на МВР и на веб порталот www.uslugi.gov.mk или да се обратат до подрачните единици на Министерството за внатрешни работи според нивното живеалиште.

Закажувањето за поднесување барање  за издавање лична карта граѓаните  кои имаат живеалиште во Скопје го вршат преку бесплатниот телефонски број 080019292.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »