Петар Печков
Објавено: четврток, 24 јули 2025
Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици на Центарот за управување со кризи (ЦУК) пристигнала пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско.
Девојката била пронајдена жива, а по девојчето се уште се трага. Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот, односно сестра на 16-годишното девојче, која побарала итна помош. Набргу потоа, се јавил и велешки доктор кој ја потврдил информацијата и побарал ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
ЦУК веднаш ги известил надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода. На локацијата е присутна екипа на МВР со чамец. Потрагата по 16-годишното девојче продолжува.
„Попладнево во СВР Велес пријавено е дека две женски лица на возраст од 13 и 26 години потонале во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско. По пристигнување на местото, 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче сеуште се трага. Во моментов екипи на СВР Велес се присутни на терен и во координација со останатите надлежни институции работат на пронаоѓање на лицето“ - соопштија од СВР Велес.
До 20,30 часот по Вардар, кај Уланци, биле екипи на нуркачи кои го пребаруваат теренот.
Девојчето кое се води како исчезнато вчера славело 16 роденден и скало да оди на капење во Вардар.
| Tweet |





