речник контакт

Исчистени и дезинфикувани јавните површини на излетничкото место езеро Младост

Собран е отпад во количина од 75 м3

Петар Печков

Неделава се спроведе генерално чистење на рекреативниот центар езеро Младост. Во овој период исчистени се  главниот пристапен пат, улиците до угостителските објекти, сателитската населба, како и просторот околу академијата „Прокредит”.

Спроведени  се активности за генерално чистење на наносите од земја, депониите од отпад и просторите со неорганизирано зеленило на јавните површини, извршено е миење и комплетна дезинфекција на сите пристапни патишта, како и урбаната опрема, што го изведоа вработени во ЈКП Дервен  при што беа собрани 75м3 отпад.

Општина Велес со должно внимание пристапува кон уредување на просторот на рекреативниот центар и поради тоа апелира до сите посетители, од цела држава, да се однесуваат соодветно, со цел да биде зачуван и за идните генерации. Потсетуваме и апелираме до посетителите додека  се на сила се мерките за заштита од корона вирусот,  за почитување на истите. - соопштија од локалната власт. 

Во периодот кој следи, општинските власти најавуваат дека ЈКП „Дервен” ќе започне со организирано собирање на комуналниот отпад по принципот од врата на врата два, пати седмично, во сателитската населба и село Новачани. За жителите од сателитската населба ќе се воведе и примарна селекција на отпадот во домаќинствата. 

При неделнава акција, бил лоциран градежен шут кој бил непрописно исфрлен кај мото патеката. Надлежните инспекциски служби работат на идентификување на сторителот, доколку не се утврди потеклото на овој отпад, депонијата ќе биде исчистена со средства на општината.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »