речник контакт

Италијанскиот премиер кажува вицеви за судиите

Италијанскиот премиер Романо Проди очигледно не е премногу загрижен од скандалот во фудбалот во оваа земја, па почна да кажува вицеви на сметка на судиите на Апенинскиот Полуостров.

lj lkjl

Италиј?нскиот премиер Романо Проди очигледно не е премногу загрижен од скандалот во фудбалот во оваа земја, па почна да кажува вицеви на сметка на судиите на Апенинскиот Полуостров. За време на интервјуто што го даваше за \\\"Ди Цајт\\\" Проди успеа да ги насмее германските новинари одговарајќи на прашањето дали скандалот со италијанскиот фудбал во кој е вмешан и неговиот ривал Силвио Берлускони му ја олеснил работата на изборите. \\\"Не знам за тоа, но можам да ви кажам еден виц\\\", рекол Проди и продолжил: Додека играше за Интер, Роналдо фатил златна рипка и таа се согласила да му исполни една желба. Роналдо веднаш побарал да му биде изграден автопат од Милано до Бразил, за да може побрзо да стигнува до дома. Рипката му рекла дека тоа е невозможно, и му порачала да си замисли друга желба. Потоа Роналдо побарал да одигра натпревар против Јувентус, во кој судиите регуларно ќе ја делат фудбалската правда. Со колку ленти сакаше да биде автопатот, бил одговорот на Златната Рипка по ваквото барање на \\\"феноменот\\\". Очигледно е дека Проди не го сфаќа премногу сериозно скандалот со фудбалот во неговата земја, но останува како ваквата низјава ќе влијае врз популарност меѓу италијанскиот народ. Вицов може не ви беше смешен доколку сте навивач на Јуветус, ама што е право се си е вистина во вицот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »