речник контакт

Итната помош продолжениот Божикен викенд со навалица на пациенти

Најчесто се жалеле на инфекции од горно респираторен систем

Петар Печков

Продолжениот празничен Божикен викенд, во време кога матичните доктори не работеа, екипите  од Итната помош имале полни раце работа. Забележан е зголемен број на прегледи, од средата после 20 часот до утрово, понеделник 08ч.  имало 537 или по 136 на ден, или по пет на час. Бројот на теренски посети во истиот период е 112.

„Овој продолжен викенд имаше зголемен  број на пациенти, многу повеќе отколку работните денови. Најчесто се жалеа на инфекции на горно респираторен систем,   болки во грло, „тече“ од нос, покачена температура, кашлица“- кажа д-р Василка Пановска началник на Итана помош при Здравен дом Велес.

Според добиените бројки од вкупниот број на прегледни најголемиот дел биле преку ден 438, како и домашните посети -90. Останатите биле во ноќна смена. 

Од Итната помош според д-р Јадранка Мишкова, ноќеска кога се случи земјотресот, немале повик или посета на пациент, кој бил повреден или бил преплашен од настанот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »