Петар Печков
Објавено: среда, 11 април 2012
Советниците на општина Велес од утрешатна седница ќе можат електронски да го дадат својот глас. Општина Велес е првата општина во Република Македонија која ќе биде дел од процесите поврзани со интероперабилноста.
Новото интегрално софтверско решение за работата на советот е прво од ваков вид во Република Македонија и е дел од севкупниот информациски систем на општината, а во себе ги опфаќа процесите поврзани со:
Управување со документите, односно подготовка и дистрибуција на материјалите за седниците на Советот, што значи дека во иднина советниците ке ги добиваат матријалите за седниците по електронски пат едноставно само со пристап до определена локација на интернет; ќе можат да предлагаат точки за дневен ред, по редовна и итна постапка, како и амандмани по предложените точки за дневен ред – и се во електронска форма,
Водење на седниците, односно евиденција на присуност, електронско гласање и автоматизиран начин на одлучување за обезбеден кворум или донесен акт.
Преку веб страната: uslugi.veles.gov.mk, што е всушност вториот проект, од денес па натаму стануваат достапни на интернет видео материјалите од седниците на Советот, а во најскоро време и сите акти донесени од страна на Советот.
Би сакал да напоменам дека со овие два проекта Советот на Општина Велес е лидер во однос на другите совети во републиката од аспект на степенот на примена на информатичко – комуникациската технологија во тековното работење, како и од аспект на искористување на нејзините предности за зголемување на транспарентноста и јавноста. За крај, бидејќи ова решение е дел од севкупниот информационен систем на Општина Велес, а што е исто така иновативно и прво решение од ваков вид во нашата држава, на граѓаните им се овозможува он-лине следење на извршувањето на годишните програми на општината - рече Славчо Чадиев претседавча на Своетот на Општина Велес.
За оваа новина на Оддлението за економски развој и развој на ИТ е подготвувана 16 месеци.
Tweet |