Петар Печков
Објавено: сабота, 11 април 2026
Традиционално за 15 април, Денот на Командата за обука и доктрини (КОД), во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес се реализираше хуманитарна акција. Таа е обезбедена од донации на војниците, војните лица, граѓанските лица во АРМ.
„Во рамки на акцијата беа донирани пакети со прехранбени производи од страна на припадниците на Армијата. Волонтерите на Црвен крст ги подигнаа донациите, по што ќе следи нивна распределба. Пакетите ќе бидат наменети за лица и семејства кои живеат во социјален ризик“ – соопштија од Општинската организација на Црвен крст Велес.
фото ОО Црвен крст Велес
| Tweet |





