Петар Печков
Објавено: вторник, 11 август 2026
Единствената високо образовна институција, која има седиште во Велес, Технолошко - Техничкиот факултет, од есен во новата академска година 2026/27, како и годините претходно, ќе запише 50 бруцоши.
На двете насоки, прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има по 25 слободни места, од кои по пет се за вонредни.
Ова е согласно конкурсот за упис на студенти во прва година, кој го објави Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, во чии рамки постои и работи факултетот.
Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има слободни по 20 места во државната квота и по пет за вонредни студенти на двете насоки, или вкупно 50 бруцоши.
Партиципацијата е 200 евра за државната квота и двојно повеќе, 400 евра за вонредните студенти.
Ова е осма година по ред со ист број слободни места за упис на студенти во прва година на Технолошко - Техничкиот факултет во Велес. Наставата трае осум семестри.
ТТФ има настава и во Битола за нутриционизам, и во Кичево за прехранбена технологија и биотехнологија и со по 25 места за упис, од нив 20 се во државна квота и пет се вонредни.
Пријавувањето на кандидатите ќе биде во три уписни рока: 18-21 август/ 9-11 септември и на 23-24 септември.
Новина годинава е што Општина Велес финансиски го помага школувањето на бруцошите од општината, кои се на прва година на Технолошко- техничкиот факултет од Велес при Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Се субвенционираат седум студенти со по 200 евра за упис, по сто евра за есенскиот и пролетниот семестар. Средствата за оваа цел се обезбедуваат од Буџетот на Општина Велес. Субвенцијата се доделува во форма на парична помош во износ од 200 евра во денарска противвредност по студент односно по 100 евра во семестар. Исплатата на средствата се врши од Општина Велес директно на сметка на факултетот со прилог доказ за упис во прва година на прв циклус. Целта е да придонесе кон создавање на квалификуван стручен кадар кој во иднина ќе може да се вклучи во развојот на локалната економија, иновациите и технолошкиот напредок на општината.
Субвенционира упис и на двајца студенти бруцоши компанијата „Агриа“.
Технолошко - Техничкиот факултет со седиште во Велес врши упис и на втор циклус студии - магистри. За насоката нутриционизам бројот е 15 студенти од два семестри -една година, и за две години за истата насока со четири семестри - пет места. За насоката управување со квалитет и безбедност на храна има пет места за упис со посетување настава од една година или два месестри. Пријавувањето е 24 -30 септември, рпв рок и 21 до 30 октомври втор рок.
За докторанти има слободни 20 места на насоката иновативни технологии за храна и нутриционизам. Уписот е 23 септември – 9 октомври и втор рок 2 – 9 ноември.
| Tweet |




