речник контакт

И денес нема нови случаи со ковид-19 во велешко, но има повторно починат пациент

Во велешка Болница се згрижени шест пациенти, позитивни или со последици од прележаниот корона вирус

Петар Печков

И денес во велешко нема ново регистрирани случаи на лица позитивни на ковид-19, ниту пак има оздравени. Ова е здравствениот биланс на Институтот  за јавно здравје, за изминати 24 часa. Затоа пак има еден починат, на клиниките во Скопје, пациент на 66 годишна возраст, позитивен на ковид-19. Ова лице не е во  здравствениот биланс на велешката Болница. Досега во велешко починале 175 лица, активни се 14 случаи а имало  5.468 заразени.

Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани шест пациенти од кои двајца се потврдени позитивни и четири пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 2 пациенти. На Инфективно одделение и на Интерно има по тројца пациенти.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »