Петар Печков
Објавено: среда, 28 април 2021
Продолжува намалувањето на активните случаи во велешко, позитивни на кoвид-19. Денес Министерството за здравство соопшти дена има 544 активни, додека досега биле заразени 5.372 лица.
Деветнаесетти ден во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19, Изминатите 24 часа регистрирани се 25 оздравени пациенти и 18 ново заразени.
„Претпладнево почината е пациентка на 81 годишна возраст, од Градско, позитивна, лекувана седум дена на Инфективно одделение. На кислородна поддршка се 27 пациенти. Испишани се три пациенти како оздравени со по еден негативен тест“ - кажа д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 79 пациенти, од кои 64 се потврдени позитивни, тројца сомнителен и 12 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
На Инфективно одделени се 35 пациенти, на интерно шест, на Физикално седум и во Модуларната болница 31.
Tweet |