Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 јуни 2021
Деновиве во пунктот за масовна вакцинација во Велес се пуштаат „Фајзер“ вакцини. Нив ги примаат лица на возраст од 40 до 59 годишна возраст. Од четврток започнува вакцинирање со втора доза во овој вакцинален пункт.
„Од денес, понеделник до среда ќе се вакцинираат лица кои се пријавиле и добиел термин преку вакцинација.мк. Секој ден има по 330 одобрени термини. Од четврток започнуваме со вакцинирање на втора доза од кинески „Синофарм“, на лица кои истата ја добиле во овој вакцинален пункт“ - кажа д-р Марина Тодоровска, координатор на вакцинален пункт Велес.
Тој се наоѓа во спортската сала на средното училиште УЗУС. Таму се вакцинираат и лица од соседните општини Градско, Лозово и Чашка. Досега таму вакцина против кoвид-19 примиле 4,5 илјади лица.
Tweet |