Петар Печков
Објавено: вторник, 09 мај 2017
Во центарот на градот бргу го снема пролетниот цветен расад. Жардинјерите околу паркингот пред судот беа испразнети од дел од сограѓаните. Темјанушките завршија во домашните дворови.
Возрасни лица, без срам ќе поминат и си откорнуваа од креон по неколку парчиња темјанушки. Мака немаа, ниту грижа нa совеста. Жени по две три во друштво, доаѓаа специјално за ова, си земаа и заминуваа. Па дури и бираа која боја – велат лица кои билe сведоци а работат во дуќаните спротивно од жардинјерите.
Слична судбина доживеа и цветниот расад во внатрешноста од кружниот тек. И тој за само неколку дена уништен. Но него го оштетија кучињата скитници.
Навечер си легнуваат, копаат по цвеќињата и уништија дел до нив. На центар има голем број од овие кучиња и тука им е леглото. Не се опасни, ама деновиве направија материјална штета – велат велешани кои тука во околината работат и се сведоци на овие случувања.
Од ЈКП Дервен потврдија дека вака бил уништен цветен расад и кај островот пред ДОЗ. Од вчера тие започнаа со засадување на нови цветни садници на овие површини и нивна обнова. Минувачите во овој дел прашуваат, само до кога тој ќе остане.
Tweet |