Петар Печков
Објавено: четврток, 21 октомври 2021
Нови 32 случаи на лица позитивни на ковид-19 во велешко а оздравени се десет. Ова се бројките за изминатите 24 часа, кои ги соопшти Министерството за здравство. Во велешко има активни 294 случаи, со што останува на третото место во земјава по Скопје и Куманово.
Во велешка болница хоспитализирани се 59 пациенти, од кои 47 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и осум пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 30 пациенти. Испишани се шест пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Транспортирана е пациентка на 66 годишна возраст на Инфективна клиника Скопје. На Инфективно одделение згрижени се 28 пациенти, на Интерно осум и во Модуларната болница 23.
Tweet |