речник контакт

И натаму в пламен шумата кај село Степанци, манастирот е безбеден

Дождот го изгасна пожарот од Мукос, со крак кон селото Оморани. Пожарот кај Степанци го гаснат две летала, хеликоптер и ер трактор на ДЗС и на МВР

Петар Печков

Пожарот на планинaта Мукос, на стариот пат кон Прилеп и натаму е активен, информираат од Центарот за управување со кризи. Го гаснат по 25 врaботени од АРМ и МВР, како и од ЈП Национални шуми – ШС Бабуна Велес, 10 жители локално население, вработени од локалната самоуправа.

Гори дрвна маса, лисна маса и мешана шума,  кај селото Степанци и манастирот Св. Димитрија.   Ангажиран е и авион ер трактор  на Дирекцијата за заштита и спасување, како и  хеликоптер на МВР. Ноќеска пожарот, кој има крак кај селото Оморани е изгаснат, откако паднал дожд.

„На ден 26 август во 11:50  примена е дојава за пожар кај манастирот  во село Степанци. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со две  пп возило и шест пожарникари спасители по пристигнување на лице место  почнато е со гасење и правење појас околу манастирот“ – соопштија од ТППЕ Велес.

Истиот пожар беше активен до 18 август, 12 дена гореше шума а беше изгаснат од дождот кој тогаш падна. Тој се разгоре повторно завчера.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »