Петар Печков
Објавено: среда, 22 декември 2021
И натаму низок е одѕивот на велешани за вакцинација со ковид-19. Изминатите седум дена,заклучно до 19 декември, за вакцинација со ковид-19. опфатот во велешко пораснал за само 0,4 отсто, покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје. Истиот одѕив беше и пред една седмица.
За периодот 13.12 - 19.12 има вкупно 49 % или незначително зголемување, споредено со пред седум дена. Ова е за возраст над 12 години, опфат кој се воведе од почетокот на месец ноември.
Во статистички показатели на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во категоријата +18, има одѕив од 53,1%. Има и уште една категорија, за сите возрасти или вкупна популација и тука процентот во велешко е 42,5 отсто.
Најмногу вакцинирани според сите три возрасни категории има во Неготино, Кавадарци, Охрид, Гевгелија, потоа следат Ресен, Берово, Битола, Валандово, Штип, Пехчево, Крушево, Пробиштип...
На ниво на Македонија, опфатот за сите возрасти е 39,7 , за 12 години и повеќе е 45,6 и +18 изнесува 49,3 отсто.
Вакцинацијата во Велес за заштита од ковид-19 се изведува во зградата на Уред.
Tweet |