речник контакт

И оваа година во Велес ќе има паралелка при Спортската академија, за фудбал

Спортската академија и натаму, и следната учебна година 2026/2027 ќе има паралелка во Велес, која работи во просториите на Гимназијата Кочо Рацин

Петар Печков

Министерството за обрзование распиша конкурс за упис во Државното средно училиште Спортска академија, во неколку паралелки, меѓу нив и во Велес.

Во прва година во Спортската академија можат да се запишат ученици според наставните планови и програми за гимназиско образование, во согласност со посебните критериуми за проверка на способностите за спортски вештини за соодветниот спорт.

Спортската академија и натаму, и следната учебна година 2026/2027 ќе има паралелка во Велес, која работи во просториите на Гимназијата Кочо Рацин. И годинава како и претходните ќе се посетува за настава за  фудбал. Останатите спортови, во други градови  се ракомет кошарка и тенис. 

За учениците кои се пријавуваат за упис во Спортската академија покрај општите  критериуми за избор се вреднуваат и способностите за спортски вештини согласно Законот за Спортска академија. Термините и локациите кога и каде ќе се изврши тестирањето и селекцијата ќе бидат дополнитело познати.

Во Спортската аакдемија во Велес, може да се запишат завршените основци од  Велес, како и околните населени места Градско, Чашка, Лозово, Росоман.

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »