Петар Печков
Објавено: петок, 06 јануари 2023
И овој Бадник се реализираше хуманитарна акција, бесплатен ручек за граѓаните од социјално ранливите категории. Акцијата се реализира во соработка со Гостилница Боем и Здружението Нула гладни во Велес.
Денес се поделија 500 бесплатни топли оброци. исто толку беа подделни и пред Нова година за семејствата кои живеат во социјален ризик. Акцијата ја реализираа волонтери од Општинската организација на Црвен крст од Велес.
Ова беше трета, по таа и за Св. Никола и за овие празници последна хуманитарна акција. Вкупно биле поделени 1820 оброци, за тие на кои им е потребна.
Овој празничен Бадников ручек бил обезбеден од страна на помогателите но и со голема помош од семејство Здравкин, Рибарница Мој крап, семејството Стојковски од Нов Зеланд а подготвен од Гостилница Боем.
Tweet |