речник контакт

И општина Велес започна да ја штеди струјата

Од вечеравечер исклучено е декоративното осветлување во одредени делови на градот

Петар Печков

Владата на  Република Македонија прогласи енергетска криза и донесе препораки  за максимално штедење  на електрична  енергија. Општина Велес  согласно препораките на Владата врши рестрикција на јавното осветлување со цел да се одржи сигурноста и стабилноста на напојувањето на домаќинствата со електрична енергија.

Од  вчера  13.02.2012  на територијата   на Општина Велес почнаа  да се применуваат препораките, со тоа што се исклучи  декоративното осветлување и делови од мрежите за улично осветлување  каде во овој период од годината фрекфренцијата на движење е намалена- Градски парк, Долни дуќани-Манастир Св. Димитрија, Езеро Младост,Кејот на реката Вардар и други  јавно- прометни површини.

Општина Велес апелира до правните и физички лица и секој во своите можности да придонесе во штедењето на електрична  енергија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »