Петар Печков
Објавено: среда, 04 ноември 2020
Со зголемувањето на бројот на позитивни случаи со ковид-19 во велешко, се зголеми и бројот на позитивни здравствени работници. Има регистрирано доктори , медицински сестри, возачи на амбулантите возила на Итната помош.
Најтешко се погодени Интерното одделение и Итната служба, каде има регистрирано повеќе случаи. На Интерното одделение, каде имаше пациенти кои беа прифатени на лекување, а подоцна констатирано дека се позитивни, има двајца доктори и една медицинска сестра.
Работата се одвива тековно, имаме зголемен ангажман на останатите доктори, да се покрие недостигот. Има одреден број на колеги и медицински сестри во цела Болница, кои се позитивни на ковид-19 , но мораме во интерес на здравјето на пациентите максимално да се ангажираме - изјави д-р Весна Николовска Неделкова, портпаролот на Општа Болница Велес.
Во службата за Итната помош и домашно лекување има тројца доктори позитивни, двајца возачи на амбулантно возило и медицинска сестра.
Имаме по двајца доктори во смена, колку што е неопходно за непречено одвивање на работата. Таа засега се одвива нормално, пациентите се згрижени навремено и не се регистрирани проблеми - изјави директорот Николче Димовски, директор на Здравствен дом Велес.
Tweet |