Петар Печков
Објавено: недела, 13 март 2022
Ништо ново за фудбалерите на ФК Борец, загубија со високи 3:0 (1:0) во Штип од екипата на ФК Брегалница. Ова беше натпревар од 23-тото коло, прв од третиот и последен круг на Првата лига.
За разлика од претходните натпревари, на овој велешките фудбалери имаа шанси, пречка но немаа ефикасен голгетер. домаќинот си ги искористи своите шанси и стигна до три бода, и се зацврсти на 5-тото место со 36 бодови а Борец останува претпоследен, со само 13 бода без реални шанси за опстанок. Следното коло, сабота ФК Борец игра дома со екипата на ФК Македонија ЃП, која е 4-та со 40 бодови.
Пораз во Втората гига Исток за фудбалерите на КФ Локомотива од Градско, во Кочани од петто пласираниот ФК Осогово со убедливи 6:0 . И натаму ФК Локомотива е последна, 10-та во оваа конкуренција, 10-та Во следното 20-то коло, кое се игра в недела,во Градско гостува екипта ан ФК Каменица Саса, која е четврто пласирана
Единствена која победи од велешките фудбалски екипи е ФК Превалец во Третата лига Југа. Таа на гостувањето во Обршани, против истоимената екипа победи со 0:3 (0:1) и се зацврсти на врвот со три победи од три натпревари и еден натпревар помалку. Во следното коло во Превалец, в недела играта со екипата на ФК Марена од кавадаречко, која ист така има три победи од три натпревари.
Tweet |