Петар Печков
Објавено: недела, 07 февруари 2021
Ако на 29-ти јануари во велешка Болница имаше хоспитализирани 22 пациенти, денес, недела бројката е скоро двојно повисока има 42 пациенти.
Од оваа здравствена институција објавија дека на пладне кај нив 30 се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и девет пациенти се со негативен брис но задржани на болничко лекување. На Инфективно одделение се 35 пациенти а на Интерно седум. На кислородна поддршка се 11 пациенти.
Бројката на починати лица, како последица на ковид заразата во велешко е 106.
Министерството за здравство објави дека денес недела во велешко има девет оздравени и седум ново заразени лица со ковид-19. Активни има 249 случаи а досега се заразиле 3.183 лица.
фото Марија Пупулиева
Tweet |