Петар Печков
Објавено: среда, 09 декември 2015
Во Основниот суд во Велeс во два одвоени судски процеси осудени се странски државјани, кои згрешиле пред Законите од земјава.
Германецот Марко Еик (31 год) е протеран од Република Македонија откако украл два автомобили во Градско. Оваа казна во траење на забрана за влез во следните три години, му е изречена во Основниот суд во Велес, како и условна затворска казна три месеци затвор ако во следните 12 направи ново кривично дело. Еик го признал делото за кое бил обвинет и пресудата е донесена врз основа признание на вина. Германецот кој е жител на Нирнберг, кривичното дело го сторил на 27 мај годинава. Тој се симнал од автобус во Градско, се упатил кон село Виничани а по пат забележал возило голф , кое било паркирано со клучеви во контакт бравата, влегол внатре го стартувал автомобилот и се возел додека не забележал друг автомобил, овој марка БМВ. Влегол во него, се возел, се додека не завршил во некој ендек, по што побегнал. Со ова Марко Еик сторил кривично дело ,,одземање моторни возила,,.
Грчкиот државјанин Маринос Еванголопулост (71 год) доби условна казна затвор, откако бил фатен во води од Македонија да изнесе вредни монети, културно наследство. Е го признал делото по што доби условна затворска казна од една година, ако во наредните три стори кривично дело. Обвинетиот бил откриен на 28 јуни годинава, во меѓународниот воз Белград - Солун, на македонско грчката граница, на железничката станица во Гевгелија. Во неговата торба пренесувал вкупно 29 монети,кои се културно наследство и тоа: 14 монети ковани за време на владеењето на султан Махмуд II сребрени со средна тежин од 1.21 гр. со дијаметар 20 мм., ковани во Истанбул, 9 сребрени и бакарни монети изработени за време на владеењето на султан Абдул Меџид, 1 монета од 19 век бронзен мангар на султанот Абдул Азис изработена во кованица во Миср, 2 монети кои припаѓаат на султанот Абдул Хамид изработени во Истанбул и 1 монета која припаѓа на Мехмед Решад изработена во Истанбул. Со ова Еванголопулост сторил кривично дело Изнесување во странство добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
Tweet |