Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јуни 2020
Третата група повратници, македонски државјани, сместени во хотелот Монтенегро заминува. Денес и утре, петок најголемиот дел од нив заминаа или ќе заминат, откако таму минаа 14 дневен карантин. Меѓу нив имаше и десетина велешани, кои се вратија дома.
Денес хотелот го напуштија 33 лица а во текот на утрешниот ден други 30 лица. На нив им се вршат здравствени испитуваа пред за го напуштат објектот. Потоа во него ќе останат уште четири повратници, македонски државјани - изјави д-р Страхил Тодоров портпарол на Здравствен дома Велес.
Тој заедно со уште една колешка од оваа здравена институција и двајца доктори од Општа Болница Велес се здравена поддршка на лицата во државен карантин изминатиот период.
На денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски, соопшти дека во други објекти во земјава, во државен карантин се тројца жители на општина Велес.
Tweet |