Петар Печков
Објавено: понеделник, 05 февруари 2018
Два натпревари одигра лидерот на првенството во Првата лига, екипата на КМФ Велес, изминатите денови.
Во редовното 15 коло, во Тетово со високи 7:3 велешани славеа над претпоследната екипа на СЕЕ Универзитет, која има само една победа. Тоа бил натпревар без многу неизвесност и со сигурна победа за лидерот.
Претходно во заостана натпревар од 10-тото коло, КМФ Велес гостуваше во Кратово, каде одигра нерешено 5:5 во средба со многу пресврти и неизвеност. Иако на полувремето велешани воделе со 3:0, домаќините повеле во со 5:4 во 34-та минута. КМФ Велес во 38 израмнуваат а во последната секунда Кратово промашува празен гол за победа. За илустрација домаќинот претходно го победи актуелниот шампион Шкупи. Во следото 15 коло дома, во салата гемиџии Велес, кој и натаму е лидер, го пречекува штипски Астибо кој е трет на табелата.
Tweet |