Петар Печков
Објавено: четврток, 08 октомври 2026
Футсал екипата на КМФ Кеги Моби првиот натпревар од новата сезона, ќе го игра на домашен терен во салата на ОУ Блаже Конески, недела во 18ч. Противник им е екипата на КМФ Осогово од Крива Паланка. Следните натпревари од есенскиот дел против КМФ Јувентус во третото коло, против КМФ Бутел во петото, КМФ Проект во седмото и во последното есенско девето коло против КМФ Железарец дополнително ќе се одлучи каде ќе се играат. Минатата сезона екипата на КМФ Кеги моби беше второпласирана во првенството и финалист на Купот.
Кошаркарите на КК Борец баскет натпреварите од есенскиот дел ќе играат во Штип во спортската сала „Јордан Мијалков". Првиот се игра во сабота на 10 октомври противник е КК Ангели од Скопје.
Поради реновирање на салата „Гемиџии“ во неа нема да се одржуваат спортските настани до крајот на годинава. Во Велес освен оваа сала, немало ниту една друга лиценцирана за настапи во Првата кошарската лига, вклучувајќи ја и спортската сала на ОУ Панко Брашнар.
Одбојкарите на ГОК Борец натпреварите од Првата лига, која за велешани започнува на 21 октомври против составот на ОК Весна од Пробиштип, ќе играат во спортската сала на ОУ Блаже Конески.
| Tweet |




