речник контакт

КМФ Кеги моби обезбеди опстанок во Првата лига

ОК Борец елиминиран со два порзи во полуфиналето од разигрувањето за првак на Македонија

Петар Печков

Одбојкарите на ОК Борец со пораз на домашен терен ги завршија натпреврите во разгирувањето  за титулатa првак. Тие во салата Гемиџии вчеравечер загубија со максимални 0:3 (19,21,16) од составот на ОК Струмица. Со тоа тие се елиминирани од натамошните борби откако загубија во двата полуфинални натпревари со идентичен резултат.  Во финалето ќе играат ОК Струмица – ОК Универзитет Гоце Делчев од Штип. Велешани беа елиминирани од екитпа на ОК Струмица и во полуфиналето на Купот со истиот резултат 0:3. Со ова заврши натепаруваачка сезона 2024/25  за сениорсниот состав на ОК Борец.

Со победа во дербито на дното, КМФ Кеги моби обезбеди опстанок во Првата лига, откако две третини од првенството имаше слаби резултати и беше претпоследен. Тие вчеравечер во салата Гемиџии со 8:1 го совладаа последно пласираниот тим на КМФ Железарец. Со овие три бода, велешкиот лигаш се искачи на 6-тото место со 23. И го избегна 9-тото кое води во бараж за опстанок. Во последното коло викендов играат со соседот на табелата КМФ Бутел кој е 7-мо пласиран со  23 бода и тоа е натпревар за престиж и подобар пласман.

фото ФБ/ КМФ Кеги моби

АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »