Петар Печков
Објавено: вторник, 30 ноември 2021
Во Битола се одигра дерби натпреварот од Вторатa футсал лига, каде се сретнаа двете непоразени екипи, домаќинот КМФ Конзули од Битола и КМФ Кеги моби од Велес. Велешани супериорни, славеа со убедливи 1:6, (0:1).
КМФ Кеги моби со став дека „Домаќините беа домаќини само во првиот дел, поради острата игра во вториот дел, спремноста на нашиот тим покажа колку може и зошто е таму, каде е. Мали нерегуларности на домашната екипа и мал инцидент во вториот дел што КМФ Кеги Моби Велес им врати со полна мрежа голови“.
Домаќините пак причината за високиот пораз ја наоѓаат во неискуството ни и притисокот од натпреварот кој беше борба на првото место.
КМФ Кеги моби ова му беше трет врзан дерби натпревар со екипи кои беа во врвот и сите ги доби уверливо. Така остана осамен на лидерската поизиција, 5 натпревари, исто толку победи. Следно коло КМФ Кеги Моби Велес игра на домашен терен против екипата на СЕЕ Универзитет од Тетово, која е 6-та со три победи. Лигата брои 12 екипи.
Tweet |