Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 јануари 2017
Со уверливи 13:1 фудбалери на футсал екипата на Велес стартуваа во пролетниот дел од првенство на првата лига. Совладан е актуелниот првак и освојувач на купот на Железарец а средбата се играше во Скопје.
Стрелци на головите а велешани беа по 3 гола на Левески и Ранготов, два за Глигоров и Петровиќ, по еден за Исмаили, Тодоровски и еден автогол на домаќините.
По ова 12-то коло КМФ Велес останува лидер со 34 бода а во следното коло, кое се игра викендов тие се домаќини на претпоследно пласираната екипа на Саса од македонска Каменица.
Tweet |