речник контакт

Кавадарчанец два пати уапсен оти возел мопед па автомобил без возачка дозвола

Лицето било упасено два пати за осум часа, со ист прекршок

Петар Печков

За осум часа во Кавадарци, исто лице два пати било уапсено дека вози без возачка дозвола. Деталите од информацијата на велешката полиција.

„На 15.03.2026 во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода К.М.(34 год) од Кавадарци. При сообраќајна контрола во 12:30 на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициските службеници запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки, кој го управувал, при што констатирале дека го управувал без положен возачки испит. По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен. Откако бил ослободен, истиот ден во 20:10 часот на улица „Љубљанска“ во Кавадарци, полициските службеници повторно го лишиле од слобода К.М.. овој пат бил затекнат како управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кавадаречки регистарски ознаки без возачка дозвола, односно без положен возачки испит“ – соопшти Ана Милевски Ѓорѓиева портпарол на СВР Велес.

По насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а возилото било привремено одземено. По документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »