речник контакт

Каде за пречек на Новата 2014 година

Цените во локалите во градот се движат од 800 до 1.900 денари

Петар Печков

Традицијата на  заеднички пречек на Новата година во Велес, овој пат е прекината. Локалната власт реши да нема организиран дочек на отворено оти пејачите барале високи хонорари кои достигнувале до 10 илјади евра.

Затоа пак угостителите понудија многу избор за различни генерации и вкусови. За помладите во ноќниот клуб Импакт   за дочекот гостите ќе ги забавуваат MARKO & LOGOUT BAND, DJ SASHA WAКS,  DJ PETRUSH,  цената е 800 денари со шведска маса и два пијалоци. 

Во хотелот Романтик за 1.900 денари заедно со групата Соната и Катерина Брезева ќе се дочекува новата 2014 година. На мотелот на Велешко езеро цената е  1.100 а гостите ги забавува група Виртус. 

Единствениот брод хотел во земјава  ,,Панини,, за пречек на највеселата ноќ нуди услуга од 1.600 денари и Бендот Тренд, додека на мотелот на Рибник Нежилово цената е 1.800 заедно со ноќевање.  Во Розе сала каде гостите ги забавува група Негрос дочекот е 1.400 денари. Дочекот во Таверна Деспина чини 1.300 додека во меаната 903-та е 1.150 денари.

Во Шкорпион е 1.200 денари, Кај Даце 900, Кај Димче 1.000, Скара Хајдук е 850 денари. Познато е дена на 2-ри јануари на Мотелот на Велешко езеро има забава која чини 450 денари а гостите ќе ги забавува Ирена Спасовска,  а во Розе салата менито за втората вечер  е 750 денари повторно со група Негрос. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »