речник контакт

Казната затвор сменета со условна, за кинењето гласачко ливче

Апелација го помилува кавадарчанецот Ѓоре Тодоров кој требаше да лежи затвор оти го искина гласачкото ливче на сопругата

Петар Печков

Наместо две години затвор, Апелација му ја ублажи затворската казна со условна на кавадарчанецот   Ѓоре Тодоров (67 год). Тој беше осуден за кинење на галсачкото ливче на сопругата. 

Во велешкиот суд му беше изречена казна затвор во траење од  две години, еден месец и два дена а откако се  жалел на оваа пресуда, Апелација Скопје ја укина и ја преиначи во условна. Тодоров доби алтерантивна казна од две години кои ќе ги  одлежи, ако во период од  пет  години  стори ново  кривично дело.   

Тој го призна делото за кое  беше обвинет, дека на  11 декември 2016-та на Парламентарните избори,  околу 12 часот на избирачкото место бр.0677 во ОУ Тоде Хаџи-Тефов во Кавадарци, сторил    кривично дело ,,Уништување на изборен материјал,,. 

Според  обвинението   на избирачкото место Тодоров  дошол во придружба на неговата сопруга па откако ги примиле гласачките ливчиња и обвинетиот го остварил своето гласачко право, се упатил кон параванот зад кој гласала неговата сопруга, но бил опоменат од членовите на Избирачкиот одбор дека таму  не смее да биде.

По ова  се повлекол, но откако неговата сопруга излегла од зад параванот, тој и го зел гласачкото ливче од раката, го искинал и го изнел надвор од просторијата во која се гласало. Апелација ја прифатила жалбата по  обвинението, дека досега не е осудуван, дека е на возраст од  67 години и  дека целта на казнувањето може да се постигне со условна наместо со ефективна казна  затвор. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »