речник контакт

Казна од 1,5 илјади евра плус условна затворска и забрана за управување возило една години во Македонија за романски државјанин

Возачот на 4 септември управувал ауди во близина на Демир Капија со брзина од 163 км /ч на место каде дозволeнa брзина била 80 км/ч

Петар Печков

Романски државјанин Х.В.С. (49 год) е казнет со илјада и петстотини евра (92.250 ден)  парична казна, но и со алтернативна мерка условна осуда  со утврдена казна затвор во траење од три месеци, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од една година по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело.  Изречена му е и забрана  за управување со моторно возило од „Б“ категорија во траење од  една година на територијата на Република Македонија.  Казната е изречена во Основен суд Неготино. 

Осудениот на  4 септември  во 11:20 часот, бил упасен на Граничен премин Табановце, на излез од државата, откако при проверка на патничко возило „ауди“ со романски национални ознаки, управувано од него, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека бил евидентиран како сторител на кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. Утрото на  4 септември во 06:30 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, Х.В.С. управувал со возилото со брзина од 163 километри на час, на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »