Петар Печков
Објавено: петок, 13 ноември 2026
На 11 ноември на ниво на држава МВР релизирал акциска контрола колку пешаците ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, но и дали возачите ги почитуваат обврските кон оваа категорија учесници во собораќајот, пешаците.
Податоците кои се одговор на поставено новинарско прашање се за подрачјеto на Велес, Кавадарци и Неготино.
„На 11.11.2026 при спроведената акциска контрола, на подрачјето на СВР Велес, констатирани се вкупно 13 прекршоци, сите а небезбедно преминување на коловозот надвор од обележан пешачки премин, додека прекршоци сторени од возачи не се констатирани. Во рамки на акциската контрола констатирани се и 23 останати прекршоци“ – информираа од СВР Велес
| Tweet |




