речник контакт

Како да се задржат во Велес, транзитните туристи кои минуваа по автопат

Лани рекордниот број на туристи кои престојувале во градот покажува дека преноќувале во просек 1,6 дена

Петар Печков


Како да се задржат транзитните  туристите, кои е на минување покрај Велес, или тие што го  кои го посетуваат  градот, да останат повеќе од просечните 1,6 дена забележани лани, е дилемата на туристичките работници. Како градската каса да се полни со повеќе финансии преку туристичка такса.  Ако во 2022 година   имало рекорден број на туристи, тоа не е случај со бројот на ноќевања, кој е  помал од  највисоките забележани пред неколку години.

„Велес има туристичка понуда а туристите кои доаѓаат тука се на пропатување, градот е попатна станица. Има  културна понуда, старата градска архитектура,  има религиозни објекти - црквата Св. Пантелејмон, црква. св. Димитрија, кањонот Пешти и тамошните пештерски црвки, езерото Младост. Има можност да се развива винскиот туризам, селскиот туризам, потоа културен туризам Питијадата, специфичниот Фестивал на античка драма“- вели Маја Басаровска туристички водич.  

Најбројни туристи во Велес се  од Србија, Романија, Унгарија, а  по бројот на ноќевања може да се констатира дека сите тие се на пропатување за или од   Грција, бидејќи се најчести гости во текот на летните месеци. Наспроти тоа се посетителите од САД, Германија, Турција, кои остануваат во просек по четири дена.

„За различна група на туристи може да се понуди различна програма, понуда. Затоа треба да се спојат различните понуди, за да може да останат уште еден ден. Потребна е промоција, маркетинг .Велес како лулка на културата во Македонија има голем потенцијал. Во една прилика донесов туристичка група во Спомен Костурницата, тие се воодушевија. Но имаа сериозна забелешка што немаше ве-це, уредувањето на околината -зеленилото“ - додава Басаровска.  

Иако градот има туристичко биро, тоа од отворањето пред три години е затворено, вратата е заклучена. Спецификата  на поставеноста на градот за многумина е за воодушевување, но не и за туристите.

„Нашите тесни и стрмни сокаци, кај нас будат убав спомени и пријатни сеќавања. Но не и за гостите. Поради тоа што не може да се искачат со автобус до црквата Св. Пантелејмон, или спомен куќите на Рацин, Главниов, Касапови, Џинот туристите мораат да пешачат и тоа за нив тешко паѓа. За да привлечеме што повеќе туристи мораме сите убави приказни да ги споиме во една“ - вели Басаровска.

Во Велес има развиен ловечки туризам и гости  кои доаѓаат од Грција, Италија и Шпанија, кои остануваат по неколку дена. Остана забележан случајот кога за Велигден 2016 во Велес во тајна посета престојуваше тогаш големата светска фудбалска ѕвезда Едисон Кавани, од Уругвај а фудбалер на Пари Сен Жермен.  Дури подоцна се дозна дека бил на лов.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »