Петар Печков
Објавено: недела, 15 октомври 2017
Вчеравечер на Спомен Костурницата во Велес се случи мултимедијален настан, организиран од Задруга 5060. Имаше рок концерт, електронска музика, се прикажуваше документарен филм, изложба на фотографии.
Марк Шнајдер од Германија е светски патник, фотограф кој го документира духот на некогашните југословенски простори и се бави со архивирање на уметничкото наследството на социјализмот. Фотографирањето на меморијалните споменици раштркани низ бившата држава е процес кој трае веќе 15 години и опфаќа бројка од 130 споменици од кои некои веќе и не постојат.
Неговата изложба ги претстави најимпозантните фотографии на веќе заборавените монументални споменици, печатени на големи формати на графики, продуцирани на сито штампа.
На фотографиите се југословенски споменици од времето на социјализмот, наменети за борците НОБ. Тука во Велес е совршени место каде можам да ги претставам своите фотографии. Не можев да претпоставам дека внатре има таков велелепен мозаик. Спомениците за НОБ се мошне интересни, вистинска уметност. Југословенските споменици се доказ за слободата во изразувањето, партизански графити, позитивни, наспроти тие исток од Советскиот сојуз, кои се клише со крената рака. Ги истражив сите споменици од поранешната држава и изработив изложба. Словенците ги имаат обновени и ги чуваат, за разлаам од Хрватите и на Косово. Некои се во лоша состојба други сочувани. Оваа во Велес е одлично сочувана, обновена – вели Шнајдер,
Тој три пати минувал низ Велес и Спомен Костурницата му го привлекла вниманието. Токму затоа со група вљубеници во алтернативната уметност, го организираа овој настан на платото пред Спомен Костурницата и за неколку часа го оживеаја мртвиот простор. Дури и ја осветлија, бидејќи таа е во мрак со години.
Костурницата е жива, но и треба повеќе внимание. Таа е импозантно дело и од внатре и до надвор. Има неверојатна енергија околу неа. Се зборува за тоа што се случува со спомениците од НОБ, тоа е актуелна тема за жал. Поголемиот дел се запоставени, оваа во Велес е исклучок, останатите се во лоша состојба. Спомениците не се направени залудно, иако така изгледа во моментов во кој живееме. Бидејќи се импозантни, носат енергија, совршени за уметност, за независна современа култура. Затоа поскавме да дојдат што повеќе луѓе, оти има многумина кои не стапнале со нога тука – рече Ѓорги Јаневски кој за себе вели дека е културен работник.
Освен Шнајдер, настапија и Александар Ордев и Александар Ников, двајца електронски артисти од Скопје, се одржа проекција на документарецот ,, Споменик на револуцијата,, од Стефан Сидовски од 1986-та, филмот ,,Револт,, исто на Сидовски за кого битолчанецот Гоце Глигоровски –познат како Мнемоник 45, во живо ја изведуваше музиката.
Составот ,,Сусијат,, во Велес настапи по турнејата во Франција а Сашо Пуцковски од Скопје кој живее во Белград и се потпишува како Нуиту со 3Д визуелна инсталација го осветли надворешниот простор на Костурницата.
Мултимедијалниот настан „Костурница Велес“ е поддржан од Министерството на Култура во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“ 2017.
Tweet |