речник контакт

Како луѓето да се заштитат, не само да се пијат лекови

21- 28 февруари Недела за борба против срцево садовни заболувања на Општински Црвен крст

Петар Печков

Оваа недела од 21-ви до 28-ми февруари Општинската ограничија на Црвен крст  ја одбележува како борба против срцево садовите заболувања.  Суштината е да се подигне  свеста на луѓето  за значењето на кардиоваскуларните заболувања,  за нивната појава и постоење во средината.

Како и да се утврдат факторите  кои влијаат врз зголемување на бројот на заболени  од кардиоваскуларни болести.  Со  изменет начин на живеење и придржување на одредени норми на однесување, може да се влијае на здравјето  врз одредена категорија на лица,   не само со лекарства 

Црвен крст не лечи, не врши превенција, туку  има додатна улога, преку совети, трибини  цели да помогне на намалување на процентот на кардиоваскуларни заболувања.  Тука не се мисли само на миокардиниот инфаркт, туку и на коронарната болест ,  церебро васкуларната болест и на болест на периферната циркулација – изјави д-р Милчо Трајков претседател на ОО на Црвен крст од Велес.  

Тие преку различни форми наредните денови ќе имаат средби пред се со повозрасната категорија граѓани, каде ќе зборуваат за кардиоваскуларните болести и заштита од нив.     

Во поново време има случаи  на лица над 20 години кои имаат повишен крвен притисок,  коронарна болест. Докажано е дека жените не заболуваат на возраст до 50 години  од  овие кардиоваскуларни болести, тоа е резултат на естрогените хормони, кои делувале превентивно  до време на климактериум. Потоа бројката нагло се зголемува – објаснува д-р Трајков.

Како луѓето  да се заштитат, не само да се пијат лекови. Вообичаени се систематските прегледи кои за дел од вработените  тие се задолжителни , со  периоднични ЕКГ прегледи, крвна слика и сл. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »