Петар Печков
Објавено: четврток, 18 јуни 2026
Министерот за туризам и култура Зоран Љутков заплови со Вардарската регата, нема да патува до Солун, каде е крајната цел на петдневното пловење, туку до Градско. Тој како велешанец со неговите другари од младоста се пушти по Вардар заедно со уште 60-тина други учесници. Љутков претходно и како претседател на Советот на Општина Велес има учествувано на регатата.
„Регатата имаше падови и подигнување, се надеваме дека по овие 2-3 години откако стана меѓународна, нема да има проблеми кои се јавувале во минатото. Оваа туристичка атракција како Министерство за прв пат ја поддржуваме, така не е само културно спортска, туку е туристичко доживување “ – кажа Љутков.
„Оваа регата е аманет од миантото за идните генерации, да ги помнат Гемиџиите и нивното дело. Задоволство е да се плови по Вардар. Нека споменот трае долго“ – рече градоначалникот Марко Колев. И тој традиционално беше дел од пловењето по Вардр првито ден од регатата.
На неа освен од Македонија има учесници од Ниш Србија и Тузла и Брчко од Босна и Херцеговина, кои се рафтери. Тие сакаат да почувствуваат како е да се плови по мирна река а не како што се учени по брзаци. Има и еден учесник од САД од Мировниот корпус.
„Колегите од БиХ го повлекоа терминот за да може да дојдат гости на нашата регата. За нив е интересно, тие се рафтери, но сакаат да видат какво е ова спартанско веслање, оти овде нема адреналинско веслање. Може да се рече дека адреналинското во нашиот случај е долгото веслање. Сакаат да проверат како тоа 280 км се весла за пет дена“- кажа Ангелче Гушев.
Како и претходните години има четири базни логори, каде се преноќева Криволак и Демир Капија во Македонија и Поликсатро и Акропотамис во Грција. Пловењето на Гемиџиите низ Грција до Солун е помогнато од извидниците на Солун.
| Tweet |


































