Петар Печков
Објавено: сабота, 06 март 2021
Фабриката за преработка на водата на ЈКП Дервен одбележа три децении работа. За тоа како се градеше, кој ја градеше, како се финансираше, изворно од тогаш вториот човек во претпријатието, учесник во изградбата Ане Маџаров а директор беше Борче Мимов. Фабриката е градена со самопридонес од велешани.
- Самопридонесот почна да се прибира 1987-ма, фабриката е изградена 1991-ва за една година, што е краток период за така значаен и голем , капитален објект во градот.
Зошто баш тука и филтер станица да се гради?
- Тоа е резултат на една опсежна анализа, на сите можни варијанти за снабдување на Велес. Тогашната Општина, сите варијанти беа дадени на два Института, големи но и со значаен умствен и научен капацитет. Едниот е Институтот при Градежниот факултет во Скопје и вториот е Институтот за водостопанство во Белград. Тие требаше да предложат нивни решенија врз основа на добиените документи. Независно еден од друг, и двата Института го предложија овој систем, кој сега постои, тогаш беше изграден. Филтер станицата, како си ја викаме е резултат на проект добиен од конкурс на ниво на Југославија, Конкурсот беше за испорака на опрема и технологија а да произведе вода за пиење согласно тогашните законски прописи. Стиганаа 11 понуди. Се избра понудатa на Машинска индустрија Ниш, во соработка со компанијата „Дегремон“ од Франција, реномиран светски производител на ваква опрема и технологија. Сите сме сведоци дека и по 30 години, тој ги дава потребните перформанси ушт кога беше градена.
Што друго се изгради со тогашниот самопридонес?
-Се изгради и цевководот од браната Лисиче до Велес, браната Лисиче. Имаше и реконструкција на градска мрежа. Прво се изгради цевководот па филтер станицата а браната беше потребно подолг временски период. Се направи времен зафат, еден км под браната, па во 2001-ва со тој мал зафат почна д се користи водат до река Тополка, за пиење вода за велшани. И ги снема редукциите, поради кои велешани со денови немаа вода за пиење во летните месеци. Иако некој мислат дека е и училиштето тогаш Јосип Броз, денес Блаже Конески, тоа е изградено претходно со друг самопридонес.
Колку кошташе Филтер станицата а колку цевководот?
-Двете работи чинеа околу 12-13 милиони денешни евра, тогаш двојно повеќе германски марки. Фабриката беше изградена во рекорден рок од само една календарска година, резултат на ентузијазмот и вложениот труд на сите што беа вклучени во процесот.
Tweet |