Петар Печков
Објавено: понеделник, 27 октомври 2014
Во велешкиот театар размислуваат на кој начин и како да се разделат од старата зграда каде минаа децении работа. Повод за ова е преселбата во новиот театар. Токму поради ова театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот не одржува претстави, бидејќи се во фаза на преселба.
Размислуваме на кој начин симболично ќе се разделиме од стариот театар. Во опција е да ја одиграме претставата ,,Ноќите во бел сатен,, од Братислав Димитров. На овој начин симболично би завршиле со претстава од автор, чиј текст ќе се игра на новата сцена – вели директорот Јордан Витанов.
За 8-ми декември е најавено дека ќе се отвори зградата на новиот театар со претставата ,,Најважната работа на светот,, на Братислав Димитров а во режија на Љубиша Георгиевски.
Tweet |