речник контакт

Како ќе изгледаат новите книжни банкноти од 200 и 2000 денари

Не е прецизирано кога ќе се пуштат во оптек

Петар Печков

Советот на Народната банка ја усвои Информацијата за идејното решение на новите книжни пари од 200 денари.

Носечки мотив на предната страна на идејното и ликовно-графичкото решение на банкнотата од 200 денари е релјефот којшто им припаѓа на препознатливите винички теракотни икони, едни од најзначајните раносредновековни откритија на територијата на Република Македонија. На истата страна, во централното лево поле е прикажана раносредновековна прстеста бронзена фибула од почетокот на VII век, а е пронајдена во околината на Прилеп.

На задната страна на оваа банкнота е претставен архитектонско-ликовен елемент од челната  фасада на „Шарената (Алаџа) џамија“ во Тетово, еден од најатрактивните споменици на архитектурата и сликарството од османлискиот период во Република Македонија, надополнет со флорални елементи преземени од декорацијата на мермерните подни плочи на познатата „Исак џамија“ во Битола, изградена на самиот почеток на XVI век. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »