Петар Печков
Објавено: сабота, 19 ноември 2011
Македонската радио телевизија оваа година одлучи да го примени српско/хрватскиот модел на избор за претставник, односно како членка на ЕБУ, таа не мора да направи конкурс и избор на повеќе изведувачи за претставник на песна за Евровизија.
Што се однесува до песната со која Калиопи ќе не претставува, таа ќе биде избрана на сличен начин како што беше избрана песна за Тоше Проески, кој беше наш претставник во 2004 година.
Калиопи е една од нашите најпознати изведувачки, зад себе има 9 албуми и безброј хитови. Последен е албумот “Порака“, кој покрај во Македонија е објавен и во регионот. Таа е почесен амбасадор на УНИЦЕФ од Македонија, а покрај многубројните награди и признанија добитник е и на статуетката за хуманост "Мајка Тереза".
Веста дека ќе учествува на Евросонгот Калиопи ја дочека во странство, но накратко изјави дека е возбудена и среќна откако ја дознала одлуката на МТВ.
Се разбира, не размислував долго дали да го прифатам нивниот предлог знаејќи дека со сето мое досегашно искуство ќе можам да придонесам за што подобра презентација на Македонија на Евросонг следната година. Сега е важно да се одбере вистинската песна и начинот како да се дојде до неа. Се надевам дека мојот народ и мојата публика ќе ми бидат голема поддршка во оваа евровизиска приказна, чии страници од денес почнувам да ги пишувам - вели таа.
Сигурно е дека атаму ќе пее и Жељко Јоксимовиќе, кој е избран како пеач од Србија.
Tweet |