Петар Печков
Објавено: среда, 24 август 2022
На повеќе локации во населените места во околината на Општина Велес и Општина Чашка, на подрачјето на СВР Велес се реализираше превентивна активност под мотото– “Слави со срце, не со оружје“.
Таа е дел од заедничката превентивна кампања на МВР и УНДП „Слави со срце, не со оружје“, како дел од оперативниот план „Безбедно лето 2022“.
„Целта на оваа активност е афирмацијата на совесното и одговорно однесување на граѓаните при разните прослави и веселби, без употреба на оружје или други пиротехнички материјали, затоа што употребата на оружје може да има тешки последици, односно директни закана по здравјето и животот на граѓаните’ - соопштија од МВР.
Полициски службеници разговараа и им укажуваа на граѓаните за ризиците од употребата на оружјето при прослави и веселби, ги информираа за законските норми што го санкционираат таквото поведение и секако за опасностите од употребата на оружјето.
Истовремено на граѓаните во насока на дополнително едукативно-информативно запознавање им беа делени информативни печатени материјали, а се со цел подигање на нивото на совесност и почитување на позитивната законските регулативи.
Tweet |