речник контакт

Кампањата ,,Жените прашуваат!,,

Месецот на жената со барање за еднаков третман во животот и пристап до јавните услуги. И Велес вклучен во овој проект, се делеа картички каде се барањата на жените

Петар Печков

Акција Здруженска ја започнува кампањата ,,Жените прашуваат!,,  со која по втор пат ќе го одбележи МЕСЕЦОТ на правата на македонските жени, наместо 8 март како ДЕН кога ова прашање привлекува некакво внимание во јавноста. 

До жените од  Велес, Скопје, Куманово, Битола и Тетово, се  дистрибуирани     30 илјади  поштенски картички,  на кои се наоѓа листа на услуги преку кои родовата еднаквост е дефинирана низ конкретни потреби за чие задоволување е надлежна или може да помогне локалната самоуправа. 

Меѓу барањата се: канализција и чиста вода,  безбедно и нормално движење – осветлени улици, безбедни тротоари, рампи, поддршка на нашите деца со посебни потреби, грижа за нашето репродуктивно здравје, заштита од секакво вид  насилства, можност за пристојна заработувачка. 

Клучното прашање е КОГА жените ќе ги добијат овие услуги, кои се само навидум подеднакво важни за сите граѓани, а кои или ги нема, или се недоволни, или пак се скапи и жените не можат да си ги дозволат.

Обезбедувањето на овие услуги, кои за жените значат поинакво секојдневие и поголеми можности, во најголем дел од општините не се приоритет (освен на декларативно ниво) и за нив никогаш нема доволно ресурси. Од нас жените се оечкува само да готвиме, переме, пегламе, чистиме, да се грижиме за децата и постарите.

Кампањата е во функција на информирање и поттикнување на жените да почнат да ги бараат основните предуслови за остварување на нивните права, кои ги имаат на хартија, но не и во пракса. Кампањата е дел од активностите на проектот на Акција Здруженска „Родова еднаквост е секојдневна потреба“, поддржан од Проектот на УСАИД.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »