речник контакт

Кампања за обврската од користење зимска опрема

Таа се изведе на автопатот А1 во правец Градско - Велес

Петар Печков

Полициските службеници од Полициска станица Велес,  ги потсетуваа возачите, на законската обврска за носење на зимска опрема. Превентивната активност е дел од кампањата за важноста за обврската за користење  зимска опрема. Таа се изведе на автопатот А1 во правец Градско - Велес.

„Со цел да се потсетат учесниците во сообраќајот, пред се возачите, за законската обврска што од вчера стартуваше - за задолжително носење на зимска опрема, се до 15 март следната година, полициските службеници во непосредна комуникација со возачите укажуваа на објективната потребата како на употребата на зимската опрема, така и на проверката на нејзината исправност и исправноста на возилата. Целта е зголемување на безбедноста, како лична така и на другите учесници во сообраќајот“- соопштија од МВР.

На возачите им било укажано и за казнените законски одредби што произлегуваат од непочитувањето на задолжителното носење на зимска опрема.

Превентивната активност ја извеле полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »