речник контакт

Кандидатите за градоначалник на Општина Велес, потпишаа кодекс за фер и декомратски избори

Познати и бројките на кандидатите со кои се најдоа на гласачкото ливче

Петар Печков

Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Велес, денес го потпишаа кодексот за фер и демократски избори.  Според реден број на гласачкото ливче: 5 Маја Хеско Коалиција за локални избори 2025 – СДСМ, 9 Марко Колев - Коалиција „Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 29 Мирјана Деловска.

„Ова не е симболичен настан, туку суштински, каде се потврдува зедничката заложба за транспарентен, достоински, законски изборен процес. Каде кампањата на кандидатите за градоначлник, ќе се води без говор на омраза,  со почит, без манипулации и со целосна почит кон изборниот процес“ – рече Пепи Димков,  претседател на Општинската изборна комисија.

„Очекувам во наредните 20 дена, фер и демократски изборен процес, да зборуваме за проекти, решенија. И пред четири години докажав дека може да се води кампања како што доликува. Истата кампања ќе ја водам и сега“ – рече Колев.

„Го потпишав кодексот за фер и демократски избори,  за мене како социолог тоа е срж на демократијата. Тоа е максимално почитување на правилата, на водење на кампања, без употреба на навреди. Ќе водам фер и позитивна кампања“ – кажа Хеско. 

„Мојата кампања ќе биде кон народот. Кампањата моја ќе  биде ненавредлива, декократска и фер“ – порача Деловска. 

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »