речник контакт

Кандидат на СДСМ за градоначалник на Велес е Маја Хеско

Таа е претседател на ОО на СДСМ за Велес

Петар Печков

На вечерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ, објавени се 11 кандидати за градоначалници во општините во Македонија. Кандидат за Велес е претседателката на Општинската организација, Маја Хеско.

Маја Хеско е долгогодишен член на СДСМ, практично од неговото формирање. Од 1991год па до денес извршувала повеќе партиски и јавни функции, член на Извршен одбор во неколку мандати, член на Советот на Општина Велес. По вокација е дипл.социолог. 

Таа е втор кандидат за градоначалник на Општина Велес. Претходно ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Марко Колев ќе бара втор мандат од велешани.

фото: ФБ СДСМ Велес

АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »