Петар Печков
Објавено: среда, 11 мај 2016
Катерина Брезева и групата Соната снимија поп нумера ,Месечина. Така на Кате и се оствари сонот да исполни песна со забавен ритам. Тоа е нумерата ,,Месечина,, комплетно дело на Јован Јованов, музика, текст и аранжман.
Соработката со Јован се случи случајно, минатата година. Бевме да снимаме во неговото студио, ме слушна и ми понуди да отеам нешто различно, дека одлично би ми прилегала забавна песна. Со песната требаше да ја одиме на некои од забавните фестивалите, ама тие се за викенди а ние слободни викенди немаме, па затоа конкуриравме за субвенциите и ја примија - вели Кате.
Деновиве групата Соната за нумерата ,,Месечина,, сними видео спот, кој е реализиран во Хотел ,,Гарденија,, во Велес а е во продукција на ,,Фабрика,,. Истовремено Кате и Соната снимија две фолк нумери, едната ,,Сонот на мајка Султана,, посветена на Гоце Делчев, по музика на Ванчо Димитров а по текст, извадок од книга на Бошко Смаќовски и аранмжман на Тодор Трајчевски. За оваа нумера е снимен спот во продукција на Аворд.
Велешката група сними и трета песна именувана ,,Проклета туѓина,, по музика и аранжман на Горјан Стојановски, текст на Елвир Мекиќ. Овој спот е снимен во продукција на ,,Фабрика,,. Сите три песни се субвенционирани од Министерството за култура.
Лани Катерина Брезева и Соната снимија фолк песна и видео ,,Љубов како во бајките,, исто така субвенционирана нумера.
Tweet |